Марјан Неќак е добитник на Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест“ за извонреден музички концепт во претставата „Само глас“ во продукција на МНТ.
Она што жирито на овој фестивал го воодушевува е: „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста“.
Во коментарот на жири комисијата се наведува и дека станува збор за ретко дело во кое музиката е потполн партнер на актерот, текстот, режијата и сценографијата.