На годинашниот фестивал „Фотоекспо“ во Стразбур, Франција, македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво, за неговата фотомонографија „Егзит“. Преку фотографиите во книгата, авторот го искажува својот став кон животот во современите градови, кој нè води кон отуѓување и укажува на потребата да се излезе од нив, во потрага по нешто подобро, што треба сами или, пак можеби, сите заедно да го откриеме.
Фестивалот се одржа од 24 до 26 јануари во Конгресната палата во Стразбур, каде што беа прикажани околу 800 фотографии и 44 фотокниги, кои влегоа во финалната конкуренција, пред повеќе од 3.700 посетители.