На литературниот конкурс што традиционално секоја година во овој период го организира Центарот за култура „ Кочо Рацин“ од Кичево, и кој по десети пат се организира годинава, за најдобра творба беше прогласена песната на Бурхан Јаоски ,„ Посакувам да те видам“ од петто одделение од училиштето „Јонуз Емре“ од село Челопеци.
На конкурсот пристигнаа вкупно 74 творби, песни, раскази и есеи, со единствен наслов „Посакувам“, а се однесува за учениците од основните училишта од Општина Кичево.
-На годинешниот десетти јубилејен литературен конкурс што го организира Центарот за култура „Кочо Рацин“, пристигнаа вкупно 74 творби од сите основни училишта во општината. Во исклучително силна конкуренција, за најдобра творба беше прогласена песната на Бурхан Јаоски ,„ Посакувам да те видам“ од петто одделение од училиштето „Јонуз Емре“ од село Челопеци. Втората награда рамноправно ја поделија Јована Настеска од ОУ„ Др.Владимир Полежиноски“, ученичка од осмо одделение, Кристина Трајкоска од ОУ „К. Ј. Питу“ ученичка од шесто одделение, Сара Костадиноска од ОУ„ Санде Штерјоски“ исто така шестоодделенка, Елена Крстеска од ОУ „К. Ј. Питу“ и Анастасија Кузманоска од ОУ„ Христо Узунов“- село Другово.Третата награда рамноправно ја поделија Стефана Стефаноска од ОУ „Др.Владимир Полежиноски“, Дијана Настеска осмоодделенка од истото училиште и трите ученички од ОУ„ К.Ј.Питу“ Маја Здравеска, Ангела Димитријоска и Евгенија Митреска. За освоените прво, второ и трето место учениците беа наградени со по една книга, благодарница и една тетратка- информира Елена Попоска- Петреска.