„Слаткарот“

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се отвори Неделата на современ израелски филм со проекција на филмот „Врвки“ (2018) на режисерот Јаков Голдвасер. Во наредните четири дена, публиката ќе може да ги погледне филмовите: „Нула мотивација“ (Талија Лави, 2014) на 4 декември, на 5 декември ќе се прикаже „Спасувајќи го Нета“ (Нир Бергман, 2016), додека, пак, на 6 декември проекција ќе има филмот „Слаткарот“ (Офир Раул Грејзер, 2017).

Неделата на современ израелски филм ќе се затвори на 7 декември, со прикажување на два документарни филма: „На мапата“ (Дани Менкин, 2018) и „Сирискиот пациент“ (Рахели Шварц, 2017). Сите проекции ќе почнуваат во 20 часот.

Настанот е овозможен преку соработка на амбасадорот на Израел, Дан Оријан, со здружението за развој на општеството и животната средина „Акта нон верба“ – Скопје и Кинотеката на Македонија.