Македонскиот филм „Медена земја“ успеа да добие две номинации за претстојните оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
Поради ваквиот успех, Младинскиот културен центар најави дека на 9. февруари со почеток од 23 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи пренос во живо од 92. доделување на престижните филмски награди во театарот „Долби“ во Холивуд.
– Закажуваме пренос во живо на „оскарите“! 9 февруари во кино Фросина. Повеќе инфо наскоро… – стои во кратката најава од МКЦ.
Прв пат во историјата на „оскарите“, се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.
Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.
По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски Оскар, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.