Вечерва, во 20.30 часот, во кафулето „Котур“, ќе се одржи поетско читање за да се одбележи „Светското поетско движење“, кое се залага за свет ослободен од секаква дискриминација меѓу луѓето поради нивната боја, национална или верска припадност, род, социјална положба и верувања.
Во текот на февруари низ повеќе од 120 земји во светот се одржуваат поетски читања, настани, поетски акции сплотени со танц, музика и театар. Македонија како учесник во ова движење вечерва организира поетско читање на кое ќе учествуваат поетите: Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска, Јосип Коцев, Исток Ј. Улчар и Наташа Сарџоска (модераторка).