Во малата сала на Центарот за култура во Битола, утре со почеток од 17.30 часот ќе се одржи поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“.
Манифестацијата е во организација на Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на РМ, како проект на Новиот културен бран, поддржан од Министерството за култура.
Поздравна реч ќе има Соња Елзесер, претседател на ДПМ. Поезија ќе читаат: Мирјана Стојановска, Стела Ковач-Босилковска, Мишел Павловски, Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Сузана Спасовска, Љерка Тот Наумовска, Милица Радевска, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Кире Неделковски, Лидија Дочевска-Павловска. Ликовната изложба е на Гоце Крстевски со копаничарски дела од уметничкото студио „Пердика“, а сценската изведба е на Ана Жежовска и Симеона Павловска со дел од поемата Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска. На крајот, авторите ќе подарат свои книги на публиката.
Манифестацијата се одржува во рамките на месецот на одбележување на државноста на нашата земја.