По повод излегувањето на книгата „Избрани драми“ од Јордан Плевнеш, со предговор на Жак Лакариер, едно од врвните имиња на француската литература и извадоци од светскиот печат, од познатиот издавач „Ле темпс дес церисес“ во големиот аудиториум на институтот за ориентални јазици и цивилизации, „Иналко Париз Сите Сорбона“, се одржа меѓународен симпозиум посветен на делото Плевнеш, „Јордан Плевнеш – Обединител на културите“.
На симпозиумот учествуваат триесетина професори и истражувачи на делото на Плевнеш од повеќе европски и светски универзитети. Уводни излагања за делото на Плевнеш и за неговата појава во македонскиот и во францускиот културен простор имаа Жорж Бани, професор од „Сорбона“ и член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, и Влада Урошевиќ, член на МАНУ и Академијата Маларме.