Пет иконски уметнички двојки на сите времиња

Некои сè уште го поттикнуваат митот за уметникот и музата, други едноставно ги ценат забележителните уметнички соработки од минатиот век. Од Камиј Клодел и Огист Роден до Пикасо и Дора Маар, ова се петте најпознати иконски уметнички двојки во што оставиле белег во историјата на уметноста.

Камиј Клодел и Огист Роден
Скулптурите на Камиј му оставиле впечаток на Роден и тој брзо ја зел младата уметница под закрила. Од релацијата господар и чирак, произлезе страсна љубов меѓу двајцата. Камиј му била муза, љубовница и соработничка на големиот скулптор. Роден имал огромно креативно влијание врз талентот и вештините на Камиј. Односот помеѓу нив бил комплексен, а траел речиси 15 години. По ова, Камиј никогаш не закрепнала, а станала позната како скулпторка дури по смртта. Од сите дела, денес се зачувани помалку од сто. Последните триесет години од животот била изолирана во психијатриска установа. Дури по смртта успеала да излезе од сенката на нејзиниот ментор.

Фрида Кало и Диего Ривера
Кога се сретнале овие двајца мексикански уметници, Фрида Кало сè уште закрепнувала од несреќата во која ги повредила ‘рбетот и нозете. Приврзана за кревет, Кало создала богата колекција автопортрети, создадени со помош на огледало фиксирано над нејзиниот кревет. Обединета преку нивната љубов кон уметноста, нивниот заеднички културен идентитет и револуционерните политички убедувања, двојката се венчала во 1929 година. Нивниот брак бил обележан со огромен успех во светот на уметноста, заеднички патувања и средби, но и многу афери. Двојката остана заедно до смртта на Фрида Кало, во јули 1954 година.

Ники де Сен Фал и Жан Тингели
Првата соработка на двојката се случила во 1957 година, кога Ники де Сен Фал побарала од Тингели да ѝ помогне во дизајнерската работа. Двајцата уметници почнале да работат заедно. Полека ја градат својата неореалистичка империја, во чиј центар одекнуваат познатите зборови на Тингели: „Ние сме двајца скулптори приврзани еден на друг, кои живеат во два многу различни света. Материјално и идеолошки спротивставени, се бориме едни со друг.“

Салвадор Дали и Гала
Во 1929 година, Салвадор Дали ги пречекал поетот Пол Елиар и неговата сопруга Елена во својата вила. Двојката била нестрплива да се сретне со младиот уметник, кој почнал да се прославува. Од оваа првична средба почнуваат да летаат искри меѓу Дали и Елена или Гала, како што подоцна ја нарекува. Другото е историја. Гала го остава сопругот и му се заколнува на вечна верност на својот нов љубовник. Таа брзо станува негова муза, што може да се види преку големиот број надреалистични дела на големиот Дали.

Дора Маар и Пабло Пикасо
Токсичната љубовна приказна помеѓу Пабло Пикасо и Дора Маар е иконска приказна. Пикасо почнува деветгодишна врска со Дора Маар додека тој сè уште е оженет со Мари-Терез Валтер, мајка на неговата ќерка Маја. Дора Маар била заведена од темпераментот на Пикасо, опишан како често експлозивен. Таа почнува да го врти целиот свој живот околу сликарот, напуштајќи ја својата кариера како фотографка. Кон крајот на 1940-тите години тој ја напушта, а Дора Маар го поминала остатокот од својот живот сама, потоната во католичката религија и прогонувана од сеќавањата на човекот што некогаш го нарекувала свој господар.