Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана освои две важни награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината интерпретација на Петрунија.
-Петчленото жити на фестивалот, кој се одржа од 2 до 8 мај, предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг, со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, информираат од Продукција Митевски.
На церемонијата во Тирана присуствувале актерите Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примиле наградите.
Филмoт „Петрунија“ во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и по Tirana FF (Албанија), патува на фестивал во Романија Transilvania FF, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, а оттаму и во Украина каде исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival во Киев.