Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска е отворена изложба на дела од колонијата „Нижополе“. Изложени се 20 слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година. Изложбата љубителите на уметноста ќе можат да ја проследат во наредните десетина дена.
На колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700 уметнички дела.
Ка.М.