Прилепскиот Завод и Музеј, по 66 години од постоењето, денеска ја отвори постојаната етно-поставка „Животот низ занаетите и традицијата“.
Етно-поставката вели етнологот Горан Цветкоски е конципирана во неколку сегменти од занаетите, претставени преку алатки за изработка на разни видови занаетчиски производи.
Претставени се кујунџискиот занает, канатарџискиот, леарскиот и кувенџискиот занает. Застапено е и килимарството преку повеќе видови килими, како и семејниот живот и традицијата.
Средствата за етно-поставката се од Министерството за култура.
Директорот Благоја Атанасоски, не криејќи го задоволството, посочи дека Музејот во своите депоа има материјал за уште неколку етно-соби.

Ка.М.