Од печат излезе седмата книга од едицијата „Балканска сатира“, „Плашила покрај патот“, прва на тандемот познати афористичари Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински.

Книгата првин е наменета за српското говорно подрачје и содржи преку 600 афоризми од двајцата автори. Насловната страница и позадината се дело на познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски, додека издавач на овој труд е Домот на културата„ Тошо Арсов“ од Виница.

– На мое и задоволство на мојот колега Витомир Долински, денес излезе од печат првата заедничка книга афоризми „Плашила покрај патот“. Книгата содржи над 600 избрани афоризми и ова е мое триесето дело и петта книга на колегата Долински. Првото издание од оваа книга афоризми е наменето за српското говорно подрачје, но во скоро време ќе има изданија и на македонски и на руски јазик. Причина зошто оваа книга првично излезе на српски јазик е затоа што истата е создадена за фестивали за хумор и сатира во соседна Србија. Издавач на овој труд е Домот на културата„ Тошо Арсов“ од Виница а ова е седма книга од едицијата „Балканска сатира“. Нашата заедничка книга наскоро ќе ја промовираме во Скопје, Виница, Струга, Кичево и во Лазаревац-Србија – истакна еден од коавторите на овој труд Миле Ѓорѓијоски.

З.А.