Затскриена во областа Којоакан во Мексико Сити, „Каса азул“ е местото каде што Фрида Кало била родена и каде што го создала најголемиот дел од својата уметност, а подоцна и починала. Денес, претворена во место што ги привлекува обожавателите од светот, сината вила на Кало и раскошните градини, за жал, се затворени поради коронавирусот. Сепак, сè уште постои можност за виртуелно истражување на нејзините соби и светската колекција на уметнички дела.
„Каса азул“ виртуелно ги отвори своите врати за љубителите, кои сега можат да уживаат во тура од 360 степени, овозможувајќи им да ги истражуваат и нејзините зачувани одаи и галериите што го сочинуваат музејот „Фрида Кало“. Од светложолтата кујна, каде што Леон Троцки отишол на чај, па до спалната соба, каде што таа закрепнувала по речиси фаталната автобуска несреќа (и ја открила нејзината страст за сликање), овие простории даваат фасцинантен увид во животот на еден од најголемите уметници на дваесеттиот век.
На sидовите се поставени некои од најпознатите дела на Кало, вклучувајќи ги „Да живее живот“, „Фрида и царскиот рез“ и „Портрет на мојот татко“, додека, пак, од значајните предмети се истакнуваат нејзиниот ценет штафелај, огледалото до нејзиниот кревет, што ѝ помогна да ги наслика нејзините реномирани автопортрети и статуетките Ацтек и Толтек, распоредени низ дворот.
Обично се чекаат долги редици за да се влезе во овој музеј, но преку страницата www.recorridosvirtuales.com сега можете да влезете брзо и бесплатно.