Со најновата хит-комедија „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски, театарот „Јордан Х.К.-Џинот“, Велес ќе настапи на фестивалите „Денови на комедијата“ во Куманово и „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Вечерва, со почеток во 20 часот, велешкиот театар со комедијата „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски ќе настапи во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во рамките на 22-то издание на фестивалот „Денови на комедијата“. На 11-то издание на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, пак, на 6 октомври, претставата ќе се игра во Центарот за култура со почеток во 20 часот.
Во претставата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Елена Вангеловска, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак.