„Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Струмица“ во соработка со Зружението на граѓани „Евро-визија“ го објави конкурсот за карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“.
-На конкурсот може да учествува секој кој има да сподели со нас фотографија од последната, минатогодишна, едиција на карневалските денови во Струмица -соопштија организаторите.
Секој автор може да учествува со најмногу десет фотографии во дигитален формат, а рок за испраќање на фотографиите е до 10 февруари.
Десеттата изложба на карневалски фотографии се отвора на почетокот на карневалските празнувања, кои годинава почнуваат на 5 март.
На изложбата ќе бидат претставени педесетте најдобри фотографии, а за најуспешните се предвидени награди.