Претставата „Ноќ на боговите“ е поставена по текстот на Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ, а на големата сцена во МНТ ќе биде одиграна вечерва, во 20 часот.
Во оваа трагикомедија со елементи на фарса, или како што обично велат актерите, животна претстава играат: Војин Ќетковиќ во улогата на Луј 14, Дејан Луткиќ во улогата на дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на познатиот драмски писател Молиер. Динамичната драма на Гавран за љубовта, пријателството и владеењето, полна со неочекувани пресврти, кои на театарската публика ѝ го задржуваат здивот, во изминатите 25 години имаше дури 19 театарски премиери во светот, од Сараево, Марибор, Подгорица и Мостар, до Вашингтон, Мелбурн, Софија, Прага.
„Ноќ на боговите“ гостува во Скопје благодарение на желбата на Ќетковиќ, Луткиќ и Илиќ да ги оживеат „карактерите што се архетипски, но и денес ги пронаоѓаме во секојдневниот живот“.