Ансамблот „Јаношка“ од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија в петок во 20 часот на гала новогодишниот концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“. Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.
Музиката која ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино, до поп музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливниот „јаношка стил“. Овој ансамбл е во постојана игра со музичките познавања на публикиата, слободно комуницира со класичните теми кои потоа ги транспонира во различни музички дисциплини, без да ја наруши уникатноста на стилот. Во нивната музика не постојат матрици, специјални формули, ансамблот „Јаношка“ спонтано креира имагинатина музика. Нивниот стил не е само звук, тоа „музика која живее“, која треба да се чуе и да се почувствува во живо.
– Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел – вели пијанистот Франтишек Јаношка.
Заедно со неговиот брат Роман Јаношка на виолина, кој креиера експлозивни џез импровизации.
– Секој од нас има сопствени музички интереси, преференци, омилени жанрови и стилови. Си даваме свој простор, и заедно креираме музика во препознатливиот јаношка стил – вели Одреј Јаношка.
Тројцата браќа свират заедно со контрабасистот Џулиус Дарвас, кој исто како и нив има класична музичка наобразба.
– Сакаме да ја вратиме импровизацијата во класичната музика која е изгубена во последниве неколку векови – вели тој.
Музичарите од ансамблот „Јаношка“ свират на сите континенти и постојано имат нови проекти. Сите кои биле на нивните концерти, си заминуваат од концертната сала инспирирани, полни со енергија и насмевка на своето лице.