Деновиве во издание на „Академски печат“ од Скопје беше издадена збирката книжевни критики и есеи „Заветни поуки“ од Васил Тоциновски.
Книгата содржи 70-на книжевни осврти, обраќања и говори кон поетски и прозни остварувања од македонски и балкански автори од повеќе генерации: Стефан Марковски, Горјан Петревски, Тамара Арсовска, Вера Стојчевска Антиќ, Славчо Ковилоски, Милован Стефановски, Христо Петрески, Васил Мукаетов, Павлина Климкар-Меанџиева, Зоран Пејковски, Славомир Маринковиќ, Сања Гракалиќ Пленковиќ и други.
Најголемиот дел од освртите присутни во збирката се објавени во книжевната периодика во периодот помеѓу 2015-та и 2019-та, а голем дел од нив претставуваат предговори и поговори.
„Заветни поуки“ е деветта книга критики и есеи од проф. д-р Васил Тоциновски.
Негова прва книга од книжевната критика е „Збор на времето“ (1993).