На 17. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ вечер во 21 часот ќе биде прикажана претставата „Нерон и јас“ според делото на Едвард Радзински. Претставата, во режија на Куандик Касимов, по сценографија и костими на Ракхат Сапаралиева, ќе ја изведат актери од Жамбилскиот Регионален Руски Драмски театар од Казахстан.
Како што појаснуваат авторите, оваа претстава го отвора јазот помеѓу обичните луѓе и владетелот.Идејата на претставата може да се види и како крвава историја на владетелот Нерон и „измачените до смрт луѓе“ .Нејзините теми се слични со денешната трагична фарса на човековата судбина.Авторот ја отсликува алхемиската моќ.Нерон брутално ги убива заговорниците,правејќи од учителот Сенека сведок на неговите злосторства.Ова е актуелна филозофска претстава за власта.Проблемите на претставата ги допираат сите генерации и секој народ.
Младен Крстевски директор на велешкиот Народен театар и член на организациониот одбор на фестивалот, за МИА информира дека па пауза кога во изминатите три години фестивалот беше поместен на сцената во театарот во Велес, со враќање на фестивалот на древната античка сцена под отворено небо со ѕвезди во Стоби,годинава на нивна голема радост како организатори повторно се вратила и бројната публиката, а и сјајот на фестивалот.
– По пауза од неколку години и ние како театар домаќин, повторно како порано направивме премиера, а годинава тоа беше претставата комедијата „Лисистрата“ а, во чест на отварањето на фестивалот ,а која одлучивме воедно и репризно да се одоигра на затворањето на фестивалот во недела на 29 јули. Пред свеченото отворање, како организатори се плашевме дали во Стоби ќе дојде онаа бројна публика,а како што беше во првите години од фестивалот. За наша голема среќа и радост овојпат во реновираниот амфитеатар во Стоби воедно и со поголем број седишта, дојде бројна публика според наши проценки над 2400,Нешто помалку ама исто така бројна публика околу две илјади имаше и за втората претстава во изведба на Битолскиот театар и на третата за Ереванскиот државен театар на пантомимата од Ерманија.Бројна публика имеше и во четвртокот вечерта за претставата „Кралските копилиња“ на нашиот велешки театар која поради технички причини моравме да ја изведеме на матичната сцена во театарот во Велес,појасни Крстевски.
Инаку вечерашната претстава на ИФАД „Стоби“ „Нерон и јас“ е петта и последна во конкуренција за наградите на фестивалот,а кои ќе бидат врачени во недела вечер на свеченото затворање на фестивалот.
Крстевски ги повикува сите заинтересирани љубители на театарот од цела Македонија слободно да повелат во Стоби и да уживаа во автентичниот амбиент, Крстевски потенцира дека кога ќе завршат бесплатните влезници сите посетители што ќе дојдат во Стоби ќе бидат слободно пуштени на преостанатите две претстави вечерва и утревечер.
Инаку за публиката од Велес за Стоби, обезбедени се бесплатно пет – плус два автобуси кои поаѓаат од 20 часот од центарот на Велес.