Дали некогаш сте се прашувале што точно се случува додека гледате некој филм? Не сте сами. Ова е листа на неколку од најчудните филмски остварувања на сите времиња, која ја состави филмскиот уредник Касам Луч од „Гардијан“
„Неонски демон“ (2016)
Не му е првпат на Николас Виндинг Рефн да направи филм што не ги следи конвенционалните жанровски карактеристики. Неверојатниот „Валхала рајзинг“ (2019) можеби изгледаше како историска драма на површината, но режисерот подоцна објасни дека всушност станува збор за научна фантастика во која „вонземските“ земји беа едноставно заменети со држави, кои се над доменот на историските карактери. „Неонскиот демон“, пак, се бори со плиткиот свет на модата и манекенството, но исто така го третира наивниот лик на Џеси (Ел Фенинг) како мистериозна млада жена со талент, кој води до насилство и љубомора.
„Андалузиски пес“ (1929)
Ова е еден исклучителен пример во филмската историја, овој нереален шпански краткометражен филм е шокантен, неразбирлив и заплашувачки. А кога ќе се земе предвид дека Салвадор Дали лично имал големо учество во снимањето на овој филм, јасно е дека резултатот визуелно е фасцинантен и комплетно луд. Гарантирано голем број сцени ќе останат со вас засекогаш, а монтажата е години пред своето време.
„Мементо“ (2000)
Кога ќе се навикнете на структурата на „обратна амнезија“ трилерот на Кристофер Нолан почнува да прави совршена смисла, но со среќа додека да дојдете до таа точка за време на првото гледање. Гај Пирс толкува улога на човек, кој има проблем со помнењето и кој е на мисија да одгатне мистерија што можеби е негово дело. Користејќи ретроспектива како второстепена нарација и заплет што намерно го заобиколува деталното објаснување на настаните, нема да ви дозволи да погледнете настрана ниту за момент.
„Соларис“ (1972/2002)
Иако римејкот на Џорџ Клуни исполира неколку рапави рабови на оригиналниот научнофантастичен филм на Андреј Тарковски, централната, конфузна премиса останува недопрена. Вселенската станица што кружи околу планетата Соларис почнува да страда од вонземски визии, но тоа не се вонземјани. Или можеби се? Дали ликовите се жртви на вид кабинска треска? Дали се веќе мртви? Дали се сите други луди?
„Антихрист“ (2009)
Сме зборувале многу за делата на Ларс вон Трир. Тој е еден од ретките филмаџии што успеале да ги поништат традиционалните либерални француски цензори, и токму овој филм го предизвика целиот проблем. Настрана од контроверзната природа на самиот материјал, овој филм навистина збунува во однос на тоа што треба да значи. Тагата и загубата се голем дел од филмот, но начинот на кој овие теми се обработуваат, како и секогаш кога станува збор за овој режисер, е уникатен!
„Сталкер“ (1979)
Искрено, оваа цела листа можеше да биде само филмови од Андреј Тарковски. „Соларис“ (погоре) е претходник на оваа руска фантазија и многу од истите тематики се обработени и тука. Базирана околу пат кон забранета зона, мамката во оваа приказна е соба, која може да ѝ оствари какви било желби на личноста. „Сталкер“ е оценет од страна на многу критичари како еден од најдобрите филмови на сите времиња, иако многу од нив не би знаеле да кажат за што станува збор.
„Мулхоланд драјв“ (2002)
Оригинално осмислена и снимена како пилот-епизода за ТВ-серија, оваа бизарна приказна на Дејвид Линч беше одбиена од страна на многу продуценти, па тој решава да го претвори „Мулхоланд драјв“ во долгометражен филм. Неколку навидум неповрзани вињети се поврзуваат во крај, кој е снимен многу подоцна откако целиот материјал бил комплетиран. Режисерот одбил да даде каков било коментар за значењето на филмот, па препуштено му е на гледачот сам да ги состави коцките. Соништата, алтернативните реалности и отровната страна на Холивуд играат голема улога во оваа драма.
„Непријател“ (2013)
Џејк Гиленхал речиси можеше да се најде на оваа листа со „Дони Дарко“ (2001), но сепак, овој пат се решивме за филм каде што тој оди против себе наместо филмот во кој се соочува со џиновски демонски зајак. Нереалноста е константно присутна, но она што најмногу шокира е последната сцена. Во „Непријател“, Дени Вилнев докажува дека навистина е еден од најдобрите режисери во светот.
„Свети мотори“ (2012)
Со луд дизајн, овој живописен француски филм на Лео Кара следи еден мистериозен човек низ повеќе различни ситуации во текот на еден „типичен“ ден. „Типичен“ е секако субјективно. Акцијата се движи помеѓу преплетени сцени, кои се обидуваат да ни раскажат за дигиталниот свет во кој живееме, но она што најмногу отскокнува од целиот хаос (вклучувајќи го краткото појавување на Кајли Миног), „Свети Мотори“ не е ништо помалку од апсолутно уживање.