Британската библиотека ги повикува децата и авторите да напишат свои мали книги, кои ќе станат дел од „Националната библиотека на минијатурни книги за светот на играчките“ на интернет. Инспириран од колекцијата „Минијатурни богатства“ на библиотеката, која има 600 минијатурни тома, од куќата за кукли на кралицата Марија и од „Библиотеката за новороденчиња“ на Џон Маршал, со големина на кутија за кибрит, овој проект е поддржан од автори и илустратори, вклучувајќи ги Аксел Шефлер и Жаклин Вилсон, кои исто така ќе придонесат со своја книга за библиотеката.
Илустраторот на „Графало“ открива дека тој често прави мали книги, покажувајќи го минијатурното издание на „Полжавот и китот“, како и мала копија на „Графало“ што ја направил за куќата за кукли на неговата ќерка.
– Сите ми рекоа дека уживале додека ги правеле книгите. Овој проект им овозможува на децата да експериментираат со различни жанрови и стилови и со тоа се развива нивниот вонреден стил на пишување – вели Ана Лобенберг.
Таа се надева дека библиотеката ќе им помогне на младите читатели да стекнат доверба, учествувајќи како автори, илустратори и библиотекари.