Министерот за Kултура, Хисни Исмаили, оствари официјална средба со неговиот турски колега, министерот за Култура на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.
Средбата се одржa со цел да се воспостави билатерална соработка во ниво на двете министерства, но и да се продлабочи институционалната соработка во сите области на културата.
Исто тако двајцата министри разговараа и за потребата на зголемување на напорите за заштита на културните знаменитости, со посебен акцент на спомениците од османлискиот период, но и за интензивирање на културните активности и културната соработка помеѓу двете држави.