Драмската претстава на аматерскиот театар при Центарот за култура од Кичево „Лимонада во друштво на директорот“, на текст на Весна Куслеска, а во режија на Михајло Петрески, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена на сцената од Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани, како дел од официјалната програма на 56–то издание на ДАФ.

-Откако драмската претстава „Лимонада во друштво на директорот“ премиерно беше изведена на матичната сцена во Кичево на 9 мај, вечерва ќе биде изведена на сцената на Домот на културата во Кочани, како дел од официјалната програма на 56–то издание на ДАФ. Во изминатите три седмици засилено се подготвувавме за во најдобро светло да се претставиме на овој традиционален аматерски фестивал. Се надеваме дека кочанската публика и жирито ќе бидат задоволни од нашата презентација на оваа драмска претстава и да го оправдаме своето учество на овој фестивал – рече Михајло Петрески, режисер и носител на една од главите улоги во претставата.

З.А.