Интернационалното жири во состав: проф. Мето Јовановски (претседател), проф. д-р Мимоза Раил и проф. м-р Јани Бојаџи, членови, на 19-то издание на Интернационалниот театрски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа онлајн, ги додели следниве награди: Главната наградата „Актер на Европа 2021“ за најдобро актерско остварување ја додели на Маргарита Џепа, една од најзначајните актерки во поширокиот балкански театарски простор, за улогата на Дорунтина во претставата „Кој ја донесе Дорунтина“, во режија на Лаерти Васили.
Наградата за најдобра претстава во целина ја доби претставата „Кој ја донесе Дорунтина“, според романот на Исмаил Кадаре, во режија на Лаерти Васили, дизајн на сцена и костими – Стела Лакнори, музика – Амбра Марјанаку, уметнички директор – Башким Хоџа. Актери: Маргарита Џепа, Бујар Лако, Виктор Жусти, Лаерти Васили, Бујар Лако, Лули Хоџа, Суела Бако. Продукција на театарот „Алекандар Мојсиу“ од Тирана, Р. Албанија.
Гран при „Жак Лакариер“, за иновативност и експеримент на монодрамата се доделува на актерот и режисер Ментор Зумберај за претставата „Соновите на Хамлет“ од Нина Мазур, работена според мотивите на трагедијата „Хамлет, принцот од Данска“, од Вилијам Шекспир. Продукција: Театарска и филмска куќа АКТ и ИТИ-центар во Косово, Приштина, Косово.
Наградата „Наум Манивилов Преспански“ ја понесе актерката Светлана Сретеновиќ за улогата во преставата „Писмо од непозната Жена“ од Штефан Цвајг. Драматизација, адаптација и режија: Милан Маѓарев.
Наградата „Преспански Дионис“, за најдобар креатаивен кореографски сценски приказ, ја доби претставата „Тобелија“ – на Танцовиот театар Љубљана, работена според истоимената драма на Љубомир Ѓурковиќ. Режија – Ник Апер, кореографија – Росана Хрибар. Настапуваат: Росана Хрибар, Маша Кагао Кнез и Урша Рупник. Музика – Влатко Стефановски и групата Љубојна.
Со наградата за епизодна улога се закити Марија Минчева Андонов за улогата во претставата „Ова дете“, работена по мотиви од текст на Жоел Помера, во режија на Александар Ивановски, а во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип.
Наградата „Млада Европа“ ја освои преставата „Неповикан“ работена по текст на Момчило Настасијевиќ. Режија, сценографија, избор на музика: Југ Радивојевиќ. Улоги: Страхиња Блажиќ, Марија Стокиќ, Анита Стојадиновиќ, Александар Ристановиќ, Татјана Димитријевиќ и Иван Перковиќ. Продукција: НАС Театар.