На платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија вечерва во рамки на „Скопско лето“ со почеток во 20:30 часот концерт ќе одржи шпанскиот состав „Стринг оф Леона&Серена“. Ќе настапат Леона Хота – тенор, Марија Пилар Лопез Хуртадо– виолина, Хуан Диас Поррас – виолончело и Бергилос Оскар Санчез– гитара.
Репертоарот на составот е базиран на традиционални еврејско-шпански песни, вклучувајќи и латинска музика, сефардска и др.
Концертот кој според најавата, ќе понуди одлично музичко доживување, се реализира во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија, во рамки на прославата на 25-годишнината од воспоставувањето на македонско – шпанските државнички односи.
Во случај на невреме, тој ќе се одржи во просториите на Меморијалниот центар На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Со почеток во 21 часот ќе биде прикажан шпанско- францускиот филм „Убивајќи го Бога“, хорор комедија, чие сценарио и режија го потпишуваат Каје Касас и Алберт Пинто.