Конкурсот за книжевната награда „Роман на годината“ за 2018 година е отворен до 15 јануари, а книгите објавени на македонски јазик можат да се доставуваат секој работен ден во читалницата „Славко Јаневски“ и во Културно-информативниот центар на градот Скопје – КИЦ (одговорно лице Емилија Михајлова). По пет примероци од романите со кои се конкурира може да се испратат и на адресата на фондацијата „Славко Јаневски“ бул. Кузман Јосифовски-Питу бр. 19-40-6, 1000 Скопје.
Оваа фондација за унапредување и промоција на културните вредности почнувајќи од лани го продолжи континуитетот за организирање и доделувањето на наградата, која од 1999 година до своето згаснување во 2017 година ја организираше редакцијата на „Утрински весник“. Годинава „Роман на годината“ одбележува 20-годишен јубилеј.