НЕСЛАВЕН СПИСОК

Истражувањето спроведено во Велика Британија открива список од 20 книги за кои луѓето често лажат дека ги прочитале. За љубителите на книги никогаш не се доволно нови наслови, но постојат и такви што често сакаат да излажат дека ги прочитале познатите книги, некои од нив и дел од општата култура, само за да се прават важни и да се прикажат подобри одошто навистина се.
Британскиот магазин „Стајлист“ објави список на книгите за кои луѓето најчесто лажат дека ги прочитале. Имено, во истражувањето учествувале
2.000 луѓе со кои се разговарало за нивните читачки навики. Резултатот покажал дека секоја четврта личност лажела дека прочитала некоја книга, особено кога ќе се појавела нејзината филмска или ТВ-сериска адаптација.
Најпопуларната причина за ова преправање сепак била желбата на овие луѓе за учество во одреден разговор и желбата да се прикажат како поинтелигентни. Насловите за кои луѓето најмногу знаеле да излажат дека ги имаат прочитано се:
1. „Алиса во земјата на чудата“ – Луис Керол
2. „1984“ – Џорџ Орвел
3. „Господар на прстените“ – трилогија – Ј.Р.Р. Толкин
4. „Војна и мир“ – Лав Толстој
5. „Ана Каренина“ – Лав Толстој
6. „Авантурите на Шерлок Холмс“ – Артур Конан Дојл
7. „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли
8. „Дејвид Копрефилд“ – Чарлс Дикенс
9. „Злосторство и казна“ – Фјодор Достоевски
10. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин
11. „Мрачна куќа“ – Чарлс Дикенс
12. „Хари Потер“ (серијал) – Ј.К. Роулинг
13. „Големите исчекувања“ – Чарлс Дикенс
14. „Дневникот на Ана Франк“ – Ана Франк
15. „Оливер Твист“ – Чарлс Дикенс
16. „Педесет нијанси“ – трилогија – Е.Л. Џејмс
17. „И не остана никој„ – Агата Кристи
18. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд
19. „Квака 22“ – Јозеф Келер
20. „Ловец во ’ржта“ – Џ.Д. Селинџер