Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад од 10 до 18 часот ќе имаат можност да си набават една од омилените книги по промотивни цени,
преку новиот проект „Храбри нови зборови – прекрасни нови светови“, а сето тоа под познатото лого на „ЗБОРЧЕ“.
На денешната понуда на книжарницата на тркала „Антолог“ меѓу најдобрите наслови се наоѓа и најновиот роман на годината „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски, како и некои атрактивни наслови од наши познати автори како што се „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџински, како и двата крими романи од Анде Јанков, „Виенски гамбит“ и „Сигурен ризик“, потоа насловите „Случајот Чернобог“ од Катерина Шошко и насловите „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова и „Нека играат децата“ од авторот Денис Бојаров, но секако и многу други наслови од наши домашни и истакнати автори.
Според вработените во книжарницата на тркала, целта на денешната посета на Куманово е да ја доближат книгата до љубителите на пишаниот збор, но и да им овожможат тоа да го сторат по пристапни и промотивни цени. Т.Д.