Светски познатиот кларинетист и композитор Васко Дуковски во соработка со Петар Колевски и пијанистката Шунјин Ванг од Кина, на 22-ри октомври ќе настапат во Салон 19.19 во Скопје. На концертот под наслов „Marching Forward” ќе бидат изведени дела од стандардниот кларинетски репертоар како и современи дела кои ќе ја презентираат естетиката на кларинетската музика од 21-от век. На програмата ќе прозвучат и дела од македонски композитори, меѓу кои е и последната композиција од камерното творештво на Зоогравски, циклусот „Пет Пиеси за Кларинет,” по повод 85 години од неговото раѓање, „Душа” на Марко Виденовиќ, а концертот ја добива својата кулминација со светската премиера на „Marching Forward” од Васко Дуковски.
Музичките композиции на Дуковски, се подеднакво успешни во својата маестралност како во концертните сали така и во уметничките галерии. Неговите мулти жанровски дела се изведени во Јужна и Северна Америка, Европа и Азија од светска класа на изведувачи и ансамбли како што е греми номинираниот „Metropolis Ensemble”, „Either\Or Ensemble”, „Sfrzando Composers Collective”, „MarKovStein Principle”, „Tavche Gravche” и ред други.
Неговите звучни инсталации се изложувани во „MOMA PS1”, „PAFA””- Факултетот за Ликовни Уметности во Пенсилванија, Галеријата „Napoleon” и „C.R. Ettinger Studio” во Филаделфија и Бит Фест во Битола. Минатото лето музиката на Дуковски премиерно прозвучи на неколку фестивали вклучувајќи го и 69-годишниот музички фестивал
„Washington Square” во Њујорк за кој Дуковски го компонираше своето дело Еелегија, секстет посветен на сите паднати жртви од злобните и нечовечни геноцидни во човечката историја. Делото „Библиотеката во Бабел” инспирирана од истоимената кратка приказна на аргентинскиот писател и библиотекар Хорхе Луис Боргес беше премиерно изведена на интернационалниот Фестивал „New Doca” во Буенос Аирес и Кордоба, Аргентина, а соло композицијата за бас кларинет „Обединети, Слободни и Независни” беше премиерно изведена во интернационалниот летен камп „USDAN“ во САД.
Соработката на Дуковски со кларинеристот Петар Колевски започнува уште од самите почетоци на неговата музичка кариера. Воедно, Дуковски е еден од првите светски успешни студенти од музичката класа на Проф. Колевски, кој е дорбо познат по посебената професионална обука на младите кларинетисти и неговата огромна репутација поради своите строги академски критериуми, надополнети со перфекционизмот за деталите на вежбањето и настапот.
Петар Колевски својата професионална кариера ја започнува пред завршување на студиите, со учество во ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија, каде свири на кларинет (А, Б, бас) и на саксофон (сопран, алт, баритон и тенор). И покрај тоа што ужива во џез музиката, што е негова страст, веднаш по дипломирањето во 1996 година професионално се посветува на предавањето класичен кларинет во музичкото училиште Илија Николовски Луј во Скопје.
Неговиот професионален ангажман е фокусиран на работа со млади таленти за кларинет и концертирање како солист, а учествува и во многу камерни состави. Настапува како солист, со оркестри и камерни состави, како на Скопско лето во 2004, Есенски музички свечености – 2009, 2010, 2012, Во Србија, Врање 2011 – Месец на Музиката, во Битола 2011, Концерт во Куманово – Центар за Култура „Трајко Прокопиев” 2011, 2012, Радовишко Културно Лето–Центар за Култура „Ацо Каеаманов” 2012, Полински Ноќи и Зори – Дојран 2012, НУЦК „Антон Панов” – Струмица 2013, Концерт Квартет „Анимус” – Скопје Салон 19’19 – 2013. Во Сараево и Фоча – Босна и Херцеговина во 2018 година, Котор, Црна Гора – 2019, Србија, Нови Сад – 2019 год. Во 2011 год. има снимено албум – „Кларинетски Фантазии”, во склоп со проектот подржан од Министерство за Култура на Р. Македонија.
Шунјин Ванг е композитор и пијанист која потекнува од Шангај, Кина. Ванг ја започнува својата кариера на рана возраст, а со компонирање започнува на дванаесетгодишна возраст. Пред да се пресели во Њујорк во 2014 година, Шунјин се школува и ја стекнува димпломата магистер по музика од Музичкиот конзерваториум во Шангај. Во 2016, Ванг се стекнува со уште една диплома магистер по музика од Музичкиот колеџ за Менхетен, каде што студира во класата на Др. Реико Фјутинг и е избрана за учесник во многубројни музички фестивали. Неколку од нејзините дела се премиерно изведени на музичките фестивали „Спринг оф Шангај,” „Аспен Мјузик Фестивал,” „Етчинг Фестивал” во 2015, „Дармштад” во 2016 и „Денови на Острава” во 2017.
Како изведувач се претставува на многу бројни места во Шангај и низ цела Кина, како и на Новиот музички фестивал „Трајбека” во Њујорк. Таа е Уметнички директор и основач на Центарот за музика и уметност „Виваче” во Њујорк и коосновач на Здружението на Композитори „Сфорцандо”.
Карти за концертот можете да купите на следниот линк и преку Фејсбук.