Претседателот на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, Пјер Лескир, изрази оптимизам за одржувањето на фестивалот во мај, но не ја исклучи можноста да се откаже во случај на натамошно ширење на коронавирусот и евентуално нови рестриктивни мерки во Франција.
– Остануваме разумно оптимисти со надеж дека епидемијата ќе достигне кулминација на крајот на март и дека ќе дишеме полесно во април – рече Лескир во врска со шпекулациите за откажување на годинешниот 73 Кански фестивал во јужна Франција.
Фестивалот е закажан оваа година од 12 до 23 мај, а претседател на жирито кое што ќе ја додели Златната палма ќе биде Спајк Ли.
Списокот на филмови во трката за големата награда ќе биде објавен на 16 април. Некои настани се веќе откажани во Кан, како што се Фестивалот на телевизиски серии и Саемот за мебел.