Од светското кино
Анас, поранешен рапер, е вработен во културен центар. Охрабрени од нивниот нов учител, учениците ќе се обидат да се ослободат од тежината на традициите за да ја живеат својата страст и да се изразат преку хипхоп-културата.
Француско-мароканскиот режисер Набил Ајуш снимил симпатичен филм со многу жива енергија. Дејствието се одвива во квартот Сиди Мумен, меѓу локалните жители познат како Бронкс во Казабланка. Училиштето вклучува посебна програма наречена позитивна школа за хипхоп. Толпа паметни и талентирани тинејџери му се придружуваат на класот и гледаме како тие ги дознаваат предизвиците, границите и можностите за учење на самоизразување преку рапот во муслиманско општество.
Филмот има блескави точки: жестока дискусија за тоа дали треба да се рапува за религијата и политиката. Ајуш создава стилизирани музички сцени во кои децата упаѓаат во рап во текот на нивниот реален живот. Овој филм е охрабрувачка демонстрација дека новите идеи можат да процветаат и во религиозно општество.
Филмот (2021 година) е снимен во француско-мароканска продукција. И дијалозите се на арапски јазик. Снимен е во Казабланка, Мароко. Сценограф е исто така Набил Ајуш. Улогите ги играат: Анас Басбуси, Исмаил Адуаб, Зинеб Бујемаа. Филмот „Казабланка битс“ ја имаше својата премиера на „Канскиот филмски фестивал“.