Русите во Македонија и Русите во Тетово е насловена изложбата која е поставена во
Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.
Изложбата е поврзана тематски со 100 годишнината од Руската револуција во 1917 година. Посветена е на луѓето од Русија кои не ја прифатиле Октомвриска револуција и по волјата на судбината заминале од родниот
крај и дошле во Македонија, каде ја прифатиле земјата како своја нова татковина.
-Русите на кои им е посветена изложбат, со Револуцијата изгубиле се, својата татковина, имотите, начинот на живот, многумина изгубиле блиски од семејствата, но не ги изгубиле достоинството и честа, моралните вредности. По доаѓањето во Македонија биле распределени на работни места соодветно на нивното образвование и струка. Со својата работа тука, несебично служеле на луѓето во Македонија. Голем од нив имале клучна улога во градење на инфраструктурни објекти како хидроцентралата во Тетово или стручно го основовале филозофоскиот факултет во Скопје-истакна Бранислав Светозаревиќ од Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Изложбата ја отвори Алексеј Кривошеев од амбасадата на Русија. Поставена е на 28 паноа во кои се поставени фотографии и документи по разни основи и ја отсликуваат дејноста на Русите во Македонија во периодот од 1920 до 1940 година.
Организатори се Државниот архив на Македонија, Инстритутот за национална историја на Македонија, Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а како домаќини Македонското руско
друштво за пријателство од Тетово.
Документите и фотографиите се дел од македонскиот Архив, како и од семејните фондови на потомците на руските емигранти.