Во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска е отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков, кој пред прилепчани се претставува со 22 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.
Академик Блажо Боев за творештвото на Темков забележува дека е вруток на
сликартството, како и на сета уметност, наука и филозофија, но пред се на уметноста,
најпрвин на нејзините визуелни изблици и дела.
– Темков зборува за убавината на природата на Тиквешијата .Во неговите платна и графики ги изразува искуствата од детство, младост, растење – се до денес. Во сликите се отсликуваат житата, растенијата, онака како ги доживува, вознесено, чудни разубавени, со голема важност. Тиквешијата е инспирација, таа е израз на убавина за Темков, а птиците се посебна тема во неговата уметноста – вели Боев.
Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира.
Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања. Ка.М.