Денес во 12 часот во Музеј-галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба на
фотографии насловена како „Споменици од НОВ и Илинденскиот период во општина
Кавадарци“.

Периодот од НОВ и Револуцијата 1941-1945 година претставува значајна страница од историјата на овој крај за што сведочат голем број на подигнати споменици и спомен обележја за истакнати борци и значајни настани. Изложбата има единствена цел преку презентација и популаризација на историското минато да се зачува колективното паметење и историска свеста на населението од овие простори – информираат од Музеј-галерија.

На фотографиите се претставени: спомен плочата на членовите на првиот комитет на ТМРО во Кавадарци во 1894 година, спомен плочата за престојот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Кавадарци во 1901 година и неговата спомен биста во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци о во училиштето во село Марена додека од Илинденскиот период опфатена е спомен плочата за битката кај „Дреновица“ во близина на селото Шешково од 1903 година, спомен плочатаза борбата на четата на македонскиот револуционер Добри Даскалов во 1905 година во селото Ресава , спомен обележјето за револуционерот Пере Тошев, споменикот во паркот „Полана“ во спомен на жртвите од Тиквешкото востаниеод 1913 година подигнат по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на востанието и многу други.

Од периодот на НОВ и револуцијата значајно место зазема спомен паркот посветен на стреланите ваташки младинци , спомен костурницата во градскиот парк, голем број на бисти на истакнати борци, спомен плочи, спомен чешми и скулптури. Ми.М.