Вечерва во 19.30 часот во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на фотографии под наслов „Цензура“ на Соња Ставрова од Кавадарци. Изложените дела се нејзин магистерски труд на катедрата по фотографија на Факултетот за Аудиовизуелна уметност „ЕФТА“ во класата на Професорот Роберт Јанкуловски и доцентот Елена Бојаџиева.
Соња Ставрова дипломирала на Правниот факултет во Скопје, а во своето уметничко творештво фотографијата ја користи како медиум преку кој истражува општествени теми и актуелни глобални и локални случувања. Како најчест израз ја користи концептуалната фотографија и симболизмот.
-Фундаменталното човеково право и слобода на говор и изразување мислење има суштинска улога во остварување и заштитата на другите права. Слободата на говор е инхерентно човеково право јавно да се искаже своето мислење без страв од цензура или казна. Сепак степенот до кој во практика се гарантира ова право, варира во голема мера од една нација во друга- за изложбата ќе изјави авторката Билјана Ставрова.
Мирјана Мукаетова