Во уметничката галерија од Центарот за култура во Кичево, вечерва со почеток од 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на склуптури на прилепскиот уметник Марјан Стојаноски, со работен наслов „Традиција-жена“,како продолжение на неговиот проект „Феникс“.
-Вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура ќе ни гостува прилепскиот скулптор Марјан Стојаноски. Тој ќе се претстави со шест скулптури од метал од кои три ротирачки и три статични со работен наслов „Традиција-жена“, како сукцесија на неговиот проект „Феникс“. Овој вид изложба е многу ретка на нашиве простори и според зборовите на нејзиниот автор, делата на истата ја носат пораката за издигнувањето и кога човекот мисли дека нема надеж – вели директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи.
Инаку, оваа есен Центарот за култура обилува со доста настани, кои во значителна мерка го подобруваат културното живеење во градот.
З.А.