Изложба на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора, ќе биде отворена денеска во општина Бутел, во рамки на манифестацијата „Цветници 2018“.
На отворањето, како што информираат од општина Бутел, настап ќе имаат КУД „Седенка“ и хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на општина Бутел.
Изложбата ќе биде отворена до 20 април годинава и на неа ќе бидат претставени околу триесетина народните носии на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска, како и ракотворби на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.