Нашиот најпознат и најплоден афористичар Миле Ѓорѓијоски, покрај многубројните промоции и изложби што ги има организирано во земјава, тој во повеќе наврати се има претставено и кај нашите северни и источни соседи, Србија и Бугарија.
Овој пат нашиот афористичар со изложба на илустрирани афоризми, вечерва ќе се претстави во Качарево, Србија, каде неговите афоризми и хуморески се илустрирани со цртежи на истата тема од карикатуристите Јордан Поп-Илиев, Блаже Докуле и Миро Ѓорѓијоски.
-За првпат изложбата на илустрирани афоризми ќе биде претставена пред жителите на најмакедонското гратче во Република Србија, Качарево. Изложбата ќе биде отворена во тамошниот домот на млади во петок со почеток во 20 часот. Инаку покрај во Качарево, на покана на Националниот совет на македонците од оваа земја, имам гостувано и во Пландиште, Јабука, како и во Велика Плана и Крагујевац, а во повеќе наврати сум гостувал и во главниот град на Србија, каде сум и почесен член на нивното друштво на афористичари- истакна Миле Ѓорѓијоски и додаде, дека изложбата на илустрирани афоризми кај нас претходно била претставена во родното Кичево.