Изложба на книги, монографии и зборници беше отворена денеска во ДНУ Прилеп, преку која се претстави издавачката дејност на Друштвото. Пред посетителите се изложени 120 стручно-научни и научни книги од 50 автори и 22 броеви од периодичната публикација на друштвото. Се работи за Зборник на научни трудови на членовите на ДНУ Прилеп, кој подоцна е преименуван во Списание на трудови во кој досега се публикувани над 600 научни и стручни трудови.
– Посебно место во издавачката дејност на ДНУ заземаат изложените книги од стручни и научни собири, одржани низ годините. Едно од позначајните изданија е монографијата за Прилеп „Милениумско пулсирање 1014 2014“. ДНУ располага и со докторски и магистерски трудови кои во иднина се планира да станат електронски достапни преку страница – посочи потпретседателот на ДНУ, Тодор Алексоски.
ДНУ постои од 1971 година, брои над 200 членови и што е интересно има и библиотека во која на располагање се над 2500 наслови.
К.М.