„Тера инкогнита“ е тематската изложба од 22 дела од прилепскиот уметник Златко Крстевски што ќе биде отворена вечерва од 18 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“.

Уметникот се претставува со слики масло на платно работени во периодот од 1990-2020 година.
Делата се со силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното. апстрактното и фигуративното помеѓу чистиот израз и приказната за „Тера инкогнита“. Самиот автор инспириран од средновековното византиско сликарство, користејќи го синилото и окерот како медитерански знак за изразување ги создал овие дела.
Крстевски реализирал бројни изложби во земјата и во странство, учесник е колонии, застапен е во арт-антологии, реализирал бројни перформанси и добитник е на повеќе награди во земјава и во странство.
Освен сликарството, уметничка преокупација му е и сатиричниот цртеж, стрипот и карикатурата.
Ка.М.