Во Музеј-галеријата во Кавадарци денес во 12 часот ќе биде отворена изложба посветена на јануарските празници и обичаи во Тиквешијата. На изложбата ќе бидат претставени јануарските празници, празнувањата и обичаите во етничкиот предел Тиквешија преку призмата на икони, фотографии и етнолошки предмети. Кај дел од празниците е претставена народната димензија со специјално конципирано етнолошко катче, во кое исто така значајно место има христијанското учење.

Бидејќи јануари е месец со најзначајни поголеми празници кои се празнуваат со одредени верувања и обичаи по кои следат празниците во текот на целата година според утврден редослед како мото на изложбата е избрана мислата од Ѓорѓија Пулевски: „Народ се велит људи који се од еден род и који зборујет еднаков збор и који живувајет и се другарат едни со други и који имајет обичаји и песни и весеља.“ Ми.М.