Бугарската изложба во „Лувр“, сместена во Oдделението за исламска уметност, што предизвика негативна реакција на бугарските стручњаци од областа на историјата и уметноста, e откажана. Работниот наслов на изложбата е „Уметноста и културата на Бугарија од 16 до 18 век“, а на неа меѓу другото се претставени икони, различни свештенички садови и предмети за богослужба.
Директорката на Институтот за уметност при Бугарската академија на науките, Емануел Мутафова, изрази загриженост дека Бугарија во рамкитe на изложбата ќе биде претставена како „европска Турција“.
– Зарем на артефактите што се поврзани со христијанската уметност на бугарска територија местото им е во подрумот на Oдделението за исламска уметност во „Лувр“? Постои средина, посебно свештенството, што ќе го смета ова за светогрдие – изјавил Мутафова.
Кустос на изложбата е францускиот османлист Шарлот Мори.
– Експонатите се негов избор, кој е тенденциозен и заснован на тезата што тешко може да се докаже, дека некои декоративни елементи на овие предмети биле направени под влијание на современата исламска уметност – изјавила Мутафова.
Историчарката на уметност додала и дека во периодот кога почнала бугарската преродба исламот слабо влијаел на уметноста во земјата.