Во чест на одбележувањето на денот на пролетта и радостите кои таа ги донесува со
неа вечерва во 19 часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена ликовната изложба под наслов „Булки“ на кавадаречкиот ликовен уметник лазар Дојчинов.
На изложбата ќе бидат застапени во најголем дел дела работени во акварел техника и
акрил на платно. Булката или дивиот афион е многу честа тема во делата на Дојчинов.
Со оваа изложба покажувајќи го целиот раскош на црвените булки и другите цветови на афионот и перуниката Дојчинов се обидува да донесе доплнителна радост во ова време на пандемија кога по втор пат сме оневозможени да ги организираме манифестациите во чест на доаѓањето на пролетта.
Вечерва изложбата предвидено е да ја отвори ликовниот уметник Горан Боев. Од аспект на ликовниот јзик на Дојчинов за тематската изложба „Булки“ Горан Боев особено ја истакнува хармонијата во контрастот на боите и тоа помеѓу црвената на булките и зелената на тревата во пролет, наспроти хармонијата во природата и нејзиниот ненарушлив склад на односите со формата и бојата. Самиот принцип на хармонија тој го истакнува не толку како когнитивно решение туку повеќе како реторичко прашање кое секој сам на себе си го одговара според сопствената сензибилност. Ми.М.