Изложбата „Африка во Македонија“ ќе биде отворена в четврток во Музејот на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот.
Во рамките на изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.
Автори на изложбата се Гоце Наумов и Никос Чаусидис. Таа се реализира во соработка помеѓу Музејот на Република Северна Македонија и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Музејот на град Скопје, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола и Националната установа „Стоби“.
На изложбата исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез-фестивал.