Единаесеттата по ред изложба „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивните гости“ која во годините наназад традиционално се случуваше во Музеј-галеријата во Кавадарци, годинава поради пандемијата од ковид-19, се прикажува онлајн преку КСП Подиум Јадро Кавадарци.
Низ оваа изложба имавме можност да видиме уметнички дела на повеќе од 70 различни уметници од Кавадарци, но и уметници кои сега не живеат во Македонија, како и голем број млади уметници од целиот свет како нивни гости.
Годинава во онлајн изданието на изложбата на „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивните гости“ учествуваат 20 уметници.
Ми.М.