Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, чија премиера и реприза одлично поминаа во 2018 година во Скопје, повторно ќе биде изведен вечерва, во 20 часот, на големата сцена во Народниот театар во Битола. Kонцептот и кореографијата се на Ивана Коцевска, музиката на Филип Глас, Иван Пенов, пијано-изведба (снимка), и Дино Имери, а костимите ги изработи Милена Атанасова.
Во перформансот настапуваат танчарите: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Мила Ниновска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Симона Митовска, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валентино Апостоловски, Ендру Кук, Ивана Коцевска.
Претставата е во продукција на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.