Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал што се одржа во Кардиф.
По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот.
– Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот нов проект, кој верувам ќе биде и подобар и поуспешен, истакна Тренчовски.
Филмот „Златна петорка“ досега го виделе над 80.000 гледачи во Македонија и надвор, а во земјава беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017). Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено десетина награди.