Стихозбирката „Здивот на смртта“ е најновиот авторски труд на битолскиот поет и член на Друштвото на писателите на Македонија, Зоран Пејковски. Станува збор за трагична лирска исповед, напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот.
– Средбата со поетската книга „Здивот на смртта“ го вознемирува и загрижува читателот, го замислува и поразува – нагласува рецензентот на стихозбирката, професорот Васил Тоциновски.
Во рецензентскиот осврт професорот Христо Петрески посочува дека песните на Пејковски, но и неговите драми, проза… се обвиени со некоја таинственост и мистика, но истовремено сѐ е директно и жестоко. Издавач на збирката е книгоиздателството „Феникс“.