ПОЧИНА АКТЕРОТ КИРИЛ ПСАЛТИРОВ (1941 – 2021)

По долго и тешко боледување, во саботата, во Скопје, почина Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште.
Тој беше еден од првата генерација актери што излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот народен театар. Таму одигра голем број улоги во најпопуларните претстави, како: „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Ревизор“ и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл „Свирачот на покривот“. Играше во многу македонски филмови, како „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, „Пресуда“, „Мисија Лондон“ и многу други, како и во голем број ТВ-серии, како „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, но и во популарните македонски народни приказни и во „Тврдокорни“, каде што особено забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.
Соработуваше со повеќе национални телевизии и оствари голем број проекти во нивните продукции.
Погребот се одржа вчера, во неговиот роден град Кочани.